Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Фановите забележаа необичен детал на оделото на Том Холанд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryspn1lra5ugkh7maeRfM

Том Холанд привлече големо внимание на премиерата на филмот „Одисеја“ во Лондон, но не само поради елегантното црно одело што го носеше. Обожавателите забележаа необичен детал – во ткаенината бил извезен Морзеов код.

Премиерата на новиот филм на режисерот Кристофер Нолан се одржа на плоштадот „Лестер Сквер“, а филмот од 17 јули ќе почне да се прикажува во американските кина.

— реклама —

Скриената порака во Морзеовиот код го испишувала насловот на филмот „The Odyssey“, како и буквите „G&H“, посветени на кројачката куќа „Gieves & Hawkes“, која го изработила оделото.

— реклама —

Холанд неодамна зборуваше и за првиот ден од снимањето на филмот, признавајќи дека тоа било едно од најстресните искуства во неговата кариера.

Тој раскажа дека за време на емотивна сцена со актерот Џон Бернтал, режисерот Кристофер Нолан постојано го прекинувал снимањето, поради што помислил дека не е задоволен од неговата глума.

— реклама —

Подоцна дознал дека причината била техничка – IMAX-камерите што ги користел Нолан снимаат на 70-милиметарска филмска лента, која има ограничен капацитет и мора често да се менува.

— реклама —

„Кога си заминував од снимањето тој ден, конечно сфатив дека можам да работам во таква средина“, изјави Холанд.

Покрај „Одисеја“, актерот наскоро ќе се појави и во новиот филм „Spider-Man: Brand New Day“, чија премиера е најавена за крајот на јули.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања