Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Фараж предупредува на заканата од Путин, но бара контрола врз британската помош за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
putin-94

Лидерот на британската партија Реформ УК, Најџел Фараж, оцени дека рускиот претседател Владимир Путин претставува поголема закана од кога било досега, но истовремено побара построга контрола врз британската финансиска помош за Украина поради загриженоста за корупцијата во земјата.

— реклама —

Фараж изјави дека Украина е „една од најкорумпираните земји во светот“ и изрази сомнеж за тоа како се трошат парите на британските даночни обврзници наменети за помош на Киев.

„Никогаш не сум рекол дека не треба да ја поддржуваме Украина. Но, сакам внимателно да провериме дали парите на британските даночни обврзници завршуваат во корупција“, изјави тој на прес-конференција, пренесува британскиот „Телеграф“.

— реклама —

Тој се повика на обвинувањата за корупција што ја потресоа администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и оцени дека во одреден момент може да биде важно да се одржат избори во Украина.

— реклама —

И покрај критиките за трошењето на помошта, Фараж нагласи дека нема дилема оти Путин сега претставува поголема закана отколку во кој било претходен период.

Осврнувајќи се на договорот на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија за купување 300.000 тони дизел-гориво, Фараж рече дека не го поддржува тој аранжман. Истовремено, ја критикуваше Европската Унија поради големите количества руски гас што, според него, европските земји ги купувале по почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година.

— реклама —

„Кој купуваше огромни количества руски гас? Кој во поголемиот дел од изминатите пет години помогна во финансирањето на војната во Украина? Германија и други земји од Европската Унија. За тоа никогаш не се зборува“, изјави Фараж.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин би одговорил на повик од Макрон или Мерц, тврди Кремљ

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин по разговорот со лидерите на Норвешка и Финска: Русија не сака војна, но е подготвена за неа

Свет | пред 3 дена

ilon-mask-1

Путин: Илон Маск е вистински гениј

Свет | пред 4 дена

zelenski-putin

Путин му гарантира безбедност на Зеленски ако дојде во Москва

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања