Промени тема
Контакт

Фарса седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ со штетни одлуки нарачани од Никола Груевски, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
SDSM-92

„Се потврди дека седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса. Штетните одлуки за новите блокади се нарачка од Никола Груевски а Христијан Мицкоски само ги спроведува“, реагира СДСМ.

Оттаму додаваат:

„Во време на најголема енергетска и економска криза после Втората светка војна, кога Собранието треба да носи ефикасни одлуки за граѓаните Мицкоски спроведува нови блокади.

Наместо да ги деблокира законите кои подолго време ги кочи во Собранието, како Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата, криминалната ВМРО-ДПМНЕ се посвети на нови деструкции.

— реклама —

Граѓаните ја гледаат разликата, СДСМ прави се и успешно ја менаџира најголемата енергетска и финансиска криза, го штити стандардот на граѓаните и компаниите.

— реклама —

Од друга страна е Мицкоски со неговите деструкции, блокади, закани, насилство, апсолутно незаинтересиран за било кој реален проблем на граѓаните.

Штетните одлуки на криминалната ВМРО-ДПМНЕ не носат штета ниту на СДСМ ниту на Владата, нивната деструкција е единствено на штета на граѓаните и државата.

— реклама —

Со сите демократски и разумни методи СДСМ и парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и обидите за вештачки кризи заради лични и партиски интереси на Мицкоски.

СДСМ е одговорна партија и по секоја цена со сите, разумни општествени партнери ќе ги надмине блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања