Промени тема
Контакт

Фатен бегалец од Идризово по кражба на мобилен телефон во центарот на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library4bal9nem50nd1iuSgCr
AI

Полициски службеници од СВР Скопје рано утринава го лишија од слобода 43-годишниот Ј.П. од Скопје, кој бил баран поради бегство од Казнено поправна установа Затвор Идризово.

Како што информира Министерство за внатрешни работи, апсењето било извршено на 17 јануари околу 4 часот наутро, на подрачјето на општина Центар, по претходна пријава дека осомничениот вечерта на 16 јануари, околу 21:50 часот, во угостителски објект одзел мобилен телефон од 23-годишна девојка од Скопје.

— реклама —
— реклама —

При преземените мерки било утврдено дека Ј.П. е лице по кое се трага по наредба од Основниот кривичен суд, поради бегство од затворот Идризово. Одземениот мобилен телефон е пронајден и вратен на оштетената.

— реклама —

По целосно документирање на настанот, Ј.П. е вратен во Затвор Идризово, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

batinci

Муса Џавит кој го уби армискиот офицер и понатаму е недостапен за правдата – се бара со меѓународна потерница за две убиства

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања