Денеска (19.12.2022) во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
(ФОТО) Другарчињата се простуваат од загинатото девојче од Велес: Магдалена, многу ќе ни фалиш
Трогателни пораки со кои другарчињата се простуваат од Магдалена, се објавени на социјалните мрежи.Родителите чии најмлади се другарчиња на девојчето од Велес кое беше прегазено и усмртено, прашуваат:„Како да му кажеш на 11 годишно дете дека другарка му веќе ја нема, како да му го скршиш срцето на милион парчиња и после да бараш начин да ги залепиш, а и самата знаеш дека никогаш веќе нема да е исто? Како да ги задржиш солзите кога син ти ти вика: 'Имам дупка кога дишам, како да фали дел од мене.
Македонија | пред 3 години