Промени тема
Контакт

Фатени двајца дилери на кокаин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kokain

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Калиште, на возраст од 40 и 43 години, осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

— реклама —

Двајцата соизвршители биле затекнати во близина на основното училиште во селото Зубовце, гостиварско, во вечерните часови на 12 април, а по извршениот личен преглед полициските службеници кај првоосомничениот пронашле 12 помали пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 4,83 грама, додека кај второосомничениот биле откриени две пакувања со вкупно 0,77 грама кокаин.

— реклама —
— реклама —

Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат делото, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања