На 25.03.2022 во 13.30 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека околу 12.50 часот од двор на куќа во с.Бардовци, скопско, сопственост на Д.Т.(54), одзеле неколку предмети. Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.