Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Фатено и осудено лицето кое продаваше чаеви и препарати со ликот на д-р Пановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
FotoJet-2022-12-28T180747.905

Микробилогот проф. д-р Никола Пановски кој беше жртва на интернет реклама, посочува дека тие што го украле неговиот идентитет и лажирале дека тој ги прмомовира производите, сега се осудени.

„Ширачите на лажни вести, за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се ОСУДЕНИ со правосилна пресуда. Конечно, по една и пол година, донесена е правосилна пресуда за злоупотреба на личните податоци заради примоција на чаевите ПАРАЗОЛ и ХИПЕРТЕА на професорите Никола Пановски, Вело Марковски и Маја Мојсова.

— реклама —

Дејан Јовановски, како одговорно лице е казнет со 2100 евра, а фирмата увозник и дистрибутер МОНАД ПЛУГ Дооел Скопје со 5000 евра.

— реклама —

Правдата е делумнно задоволена. Имено, фирмата и осудениот и понатаму работат, тоа што го заработиле криминално ќе го вратат за недела дена. Демек, немало како да ги судат за измама на граѓаните, да им забранат дејност, немало основ во законите за овој интернет криминал, туку само за злоупотреба на личните податоци.

— реклама —

Сега продолжувам во граѓанска постапка да барам оштета од 15000 евра за злоупотребата и душевната болка што ми ја сторија“, напиша Пановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања