Фатима Куртишова секој ден влече две колички со 100 килограми од Карпош до Злокуќани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
150458fatima1

Фатима Куртишова (60) е насмеана и весела и кога влече две колички со гајби, кутии, дрва и пластика -товар кој некогаш е тежок 100 килограми.

— реклама —

-Десет години собирав картони од 15 маркети и потоа ги продавав. Но, се откажав, зашто нема купувачи. Многу ме разочара и еден приватник, на кој му продадов 15 тони картони. Ми должи околу 13 илјади денари веќе една година. Затоа решив да собирам гајби, кутии од банани, пластика, дрво и кеси. Количките со товар од 60 до 100 килограми, ги влечам до Злокуќани, кадешто живеам. Потоа доаѓаат приватници, на кои им ги продавам. Заработувам доволно за леб, струја, вода. Тоа е бериќет. Секој ден станувам во 5 часот, го пијам кафето и почнувам да ги средувам домашните обврски. Во 9.30 излегувам од дома и прво одам во еден голем маркет во Карпош 4 да ги земам картоните. А потоа и останатите работи – вели Фатима за „Женски магазин“ и појаснува на кој начин заработува.

— реклама —

- Приватниците знаат каде живеам и доаѓаат во мојот дом секој ден да разгледаат што сум донела и да купат што им одговара. Гајбите ги продавам по 20 денари. Цената на кутиите се движи од 5 до 10 денари. Порано со двете колички носев преку 200 килограми картони – открива таа.

— реклама —

Целиот текст можете да го прочитате тука

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања