ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Фатиме Фетаи пред апелација бара повисоки затворски казни за Алими и Гури од ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
fatime-fetai

Обвинителката во „Титаник 3“ за изборни нерегуларности Фатиме Фетаи во поднесената жалба до Апелациониот суд се противи на ниските казни од по три ипол години затвор против поранешниот координатор на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими и сопартиецот Исмет Гури, кога за делото за кое првостепено се осудени, пропишана е минимална казна од пет години.

— реклама —

Иако законот дава можност при олеснителни околности минимумот да се намали за некој месец, година, таа се жали на причините за одењето длабоко под минимумот: возраста на осудените и семејниот статус, што според неа немаат никаква врска и не се олеснителна околност во делењето правда, објави САКАМ ДА КАЖАМ.

Во жалбата, Фетаи наведува дека првостепениот суд правилно ја утврдил фактичката состојба и ги казнил обвинетите, но се противи на неоправдано смалените казни.

— реклама —

„Во образложението на пресудата се наведува дека Гури имал 56 години и 3 полнолетни деца, а Алими 40 години и три малолетни деца и тоа е сè што е наведено како олеснителна околност“, потенцира Фетаи во жалбата.

Текстот во целост на: САКАМ ДА КАЖАМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања