ФБ статус: Инспектори со полиција бркаат од пазарот стари жени и им пишува казна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
babi-pazar-2

Зелен Пазар, Скопје, стари жени си донеле набрани билки за чај си продаваат, друга во кофа донела сливи од двор, трета донела кошница со домашни јајца од село...И доаѓаат инспектори со полиција и ги бркаат од пазарот како стока да се, на едната од нив и ја тегнеа кофата со сливи за да и ја земат, на друга и бараа лична карта да и пишат казна...

— реклама —

Да ве прашам вака јавно, дали овие жени од преку 70 години дојдоа на пазар на овие пекол температури, од мака? - Секако дека од мака дојдоа, затоа што да имаа достоинствен живот немаше тоа да го прават.

Млад новопечен инспектор, со трето одделение што те вработиле од некој смрден партиски штаб, на стара жена и ги влечеш кофите и се дереш демек јак к...рац си некој?

— реклама —

Дали мислите бе дека некој нормален ќе ве гласа веќе, вас и некој сличен на вас?!

Македонија е земја искрадена до коска, узурпирана од криминалци, имате неразјаснети убиства, тежок организиран криминал, непотизам од болни размери, очаен животен стандард и бидејќи вие средивте све, ви остана уште бабите од Зелен пазар да ги тегнете.

Едната од нив денес извади од престилката 80 денари и му ги даваше на инспекторот- земи, земи, му рече, за тебе се париве, од чајот ги земав, ама немам казна да платам...

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања