ФБ статус:
-КОВИД 19 ...40 ти ден. Зошто ,се прашувам? Дали е тоа поради мојот имунолошки систем , дали поради тоа што мојот вистински роденден е 29ти февруари ( па секогаш сум во ретките луѓе) ,дали животот решил пак да ми ја тестира издржливоста и да види дали како феникс ќе се кренам пак на нозе? Не знам. Но едно знам , во мојата епидемиолошка анкета немам пренесено вирус ниту на едно лице! Бев многу интуитивна и совесна, знаев дека се инфицирав дента од тој контакт со заболен(а) и не сакав други да настрадаат, на работа или околу мене , барав тест и до тогаш да не одам на работа. Мене ми е многу битно совеста да ми е чиста , да не разболам други луѓе. И мислев за совеста и другите така размислуваат. Не било така, некој во оваа наша државичка што донесува одлуки мисли дека јас дури и треба да бидам казнета . Како спиете Вие од Фондот за здравство кога донесувате вакви одлуки во смисла дека ова не е мое заболување стекнато на работа, дека јас треба да плаќам партиципација за лекување во болница и за лабораторија , дека треба да ми ја скратите платата, а од ова заболување јас 2 месеци скоро ќе седам дома, нема и да дежурам , а дежурствата се голем додаток на нашата основна плата. А пневмонијата и стресот ми се гратис награда. Како спиете кога кога донесувате одлука дека ова не ми е професионална болест и не треба да ми надоместите ? А гледам ми се одбива од платата за професионална болест. Како спиете Вие од Уставен суд кога мислите дека не треба да ја исправите и оваа неправда за здравствените работници. Според сите Вас треба да бидам казнета јас и сите ние што сме помагале на болен од кој сме се разболеле. Поради немоќта за неправдата која ја гледам , ја сум под континуиран стрес. Дали би сакале да сте на мое место ? Лекар, анестезиолог ...колку тоа бедно звучи...но само во оваа држава, на која сум и лојална како србинка, во која уште татко ми ме запиша во училиште да учам на македонски јазик , затоа што тука живееме и ќе ја почитуваме државата. Боли, многу боли неправдата. Дали некој од Вас што ги донесува овие одлуки и не се труди итно да ги промени, би можел да ме погледне во лице без да ја наведне главата. Совест, чесност и правдина се карактеристики кои треба да ги имате Вие од највисоките кругови кои донесувате одлуки. Не , не е ова полтички статус , бидејќи јас не припаѓам на ниту една партија. Јас сум здравствен работник и не е важно дали сум лекар, сестра , болничар, јас настрадав на работното место и си ги сакам моите права. И не само јас, како мене има ушто многу кои вака се чувствуваат. А да...и повторно ќе бидам феникс, ќе застанам јас на нозе кои можеби ќе ме одведат надвор од оваа држава,на која целиот живот сум лојална...за жал.
https://www.facebook.com/gordenik/posts/10216967017382839
фото: ФБ