Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ФБИ држи десет црногорски морнари на брод каде беа запленети 16 тони кокаин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
broj-droga

Агенти на американскoто Федерално истражно биро (ФБИ) го ограничиле движењето на десет црногорски граѓани што се наоѓаат на брод во Филаделфија, на кој се запленети 16 тони кокаин, по што покрај четворицата уапсени, забрана за напуштање на бродот добиле и останатите морнари од Црна Гора.

— реклама —

Црногорски медиуми јавија дека дека на некои од нив им е дозволено да контактираат со своите семејства. ФБИ во овој момент не ги товари за шверц на 16-те тони кокаин, но тие се испрашувани во рамки на истрагата и од нив се земени ДНК примероци, а нивниот статус ќе биде познат по вештачењето на дрогата. Според информациите на  медиумите уапсени се и четворица други морнари, тројца од Котор и еден од Будва, на возраст од 25 до 39 години. Сите тие се членови на екипажот на бродот MSC Gajan, во сопственост на швајцарска компанија, каде беа пронајдени десетици пакети со кокаин.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања