Еден од двајцата директори на фотографија на македонскиот документарец „Медена земја“, Фејми Даут е во Вухан, Кина, од каде почна епидемијата со коронавирусот.
Тоа го потврди за „Само Прашај“ доловувајќи ја атмосферата за тоа каков е животот во местото каде се појави Ковид-19. Град е затворен од 28 јануари, а дури денеска делумно се ослободи од строгите рестрикции.
Во видео јавувањето камерманот го опишува Вухан како град на духови под изолација на кинески начин: со задолжителни маски и ракавици, танцувања на отворено за да се подигнува духот и чување на сопственото и здравјето на другите.
Со филмската екипата се единствените странци во деветмилионскиот град кој е затворен од 28 јануари.
фото:prtsc