Четири згради на „Фејсбук“ беа евакуирани поради сомнение дека нивни колеги биле изложени на нервен гас. Нервниот гас сарин бил спакуван во поштенска пратка адресирана до седиштето на Сликонската долина.
Џон Џонсон, претставник на противпожарната служба на калифорнискиот град Менло Парк, изјави дека вработените кои биле изложени на сомнителниот пакет, засега не покажуваат никакви симптоми.
Според него, компанијата секојдневно ја тестира секоја пошта заради можно присуство на несакани материи, а откако е откриено дека една пратка е сомнителна, стандардна процедура била прекината.
Портпаролот на компанијата Ентони Харисон рече дека по откривањето на сомнителната пратка, четири згради на „Фејсбук“ биле евакуирани и дека полицијата во моментов води истрага.
Засега, како што рече тој, три од четирите евакуирани згради биле темелно истражени и дадено е зелено светло вработените да се вратат во нив.
Долготрајната изложеност на моќниот боен отров сарин, кој исто така се користи како хемиско оружје, може да биде фатална.