Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Фејсбук“ ќе плати рекордна казна од 5 милијарди долари поради кршење на приватноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Федералната комисија за трговија го казни Facebook со рекорди 5 милијарди долари. Ова е највисока казна за нарушување на приватноста во историјата. Причината за казната е случувањето со Cambridge Analytica и останатите пробивања на приватноста. Но предвид е земен и постојаниот неуспех за заштита на податоците на корисниците од трети страни. Од Фејсбук соопштуваат дека се согласиле да ја платат казната.

— реклама —

Казната од 5 милијарди долари е највисоката во историјата, но не е доволна за дел од агенцијата. Тие бараа казни и одговорност и од  директорите и основачот на Facebook. За нивна среќа засега успеаја да го избегнат ова и не опфатени со било какво барање за одговорност.

— реклама —

Во соопштение од американската Трговска комора се нагласува дека социјалната мрежа е задолжена да ги подобри налчините за заштита на личните податоци.

— реклама —

Комората бара од ФБ да сигнализира за инциденти поврзани со информации на 500 или повеќе корисници. Компанијата ќе треба да ги решава проблемите и да документира за тие сигнали во рок од 30 денови.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања