Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Феникс е само дел од криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
275674074_496133758650915_6676344617483907180_n

Ултра криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014 е потврден со уште еден случај кој го покренаа надлежните обвинителски органи за најголемата пералница на пари врз грбот на народот, вели СДСМ

„Случајот Феникс е само дел од криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014.

— реклама —

15 осомничени, меѓу кои и највисоки функционери на ДПМНЕ од тоа време, како и 7 фирми се дел од истрага под сомнение за злоупотреби, криминал, перење пари врз грбот на народот.

Незаконски се обезбедени 57,6 милиони евра за 11 споменици и директно проневерени се 17 милиони евра.

— реклама —

Ова е последен случај во низата судски предмети кои покажуваат дека ДПМНЕ е криминална партија.

— реклама —

ДПМНЕ е единствената партија во Европа што има конфискуван имот за кој со судска пресуда е докажано дека е нелегално стекнат.

И додека ДПМНЕ ги прозива независните судски институции јавноста се уште очекува епилог од предметот Делчевски ниви каде се вмешани блиски соработници на Мицкоски.

— реклама —

Во пратеничките редови на ДПМНЕ се уште се и обвинетите лица Игор Јанушев и Антонио Милошоски, за чии предмети исто така се очекува епилог.

Христијан Мицкоски е опкружен со криминални ликови и осудени лица а седи во криминално стекнат имот и води криминална партија. Тоа кажува се“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања