Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Ферид Мухиќ на Конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
145

Денеска, во Брисел, Кралството Белгија, ќе се одржи Конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа (ПСФ - Регион Европа), на која ќе учествува Ферид Мухиќ, пратеник и потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

— реклама —

Оваа конференција се одржува по повод 20 Март - Меѓународниот ден на Франкофонијата и на истата ќе се дебатира за состојбата на употребата на јазиците во институциите на ЕУ, геостратешките предизвици на јазиците и за промоција на мултилингвизмот во Европа.

На учесниците на оваа седница ќе им се обрати Жан-Пол Вал, шеф на Мисијата Европа на Парламентарното собрание на Франкофонија; Жак Крабал, генерален секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата; Бруно Фухс, претседател на Секцијата на Националното собрание на Франција; Хамза Фаси Фири, претседател на Белгиската секција во ПСФ; Луј Мишел, поранешен комесар на ЕК и пратеник во Европскиот парламент, како и бројни експерти.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања