Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Фестивал „Рута“ од 14 до 19 октомври во Драмскиот театар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
RUTA-GRUPA-TRIGLAV

Драмскиот театар од Скопје ќе биде домаќин на 10. Регионална унија на театри – Рута група Триглав, што ќе се одржува од 14 до 19 октомври.

Во текот на оваа фестивалска недела, македонската публика ќе може да проследи шест репрезентативни и најнаградувани претстави на театрите од регионот – театарот „Улисис“ од Загреб, „Београдско драмско позориште“, „Месно гледалишче“ од Љубљана, „Градско позориште“ од Подгорица, „Камерен театар 55“ од Сараево, a фестивалот свечено ќе го затвори Драмскиот театар со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“.

— реклама —

„Рута група Триглав“ се одржува на секои два месеца во еден од шесте театарски центри.

Свеченото отворање на театарскиот фестивал „Рута група Триглав“ ќе биде на 14 октомври со Раде Шербеџија и Милан Мариќ (главниот лик во филмот за Тома Здравковиќ) во претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, во режија на Ленка Удовички, според антологискиот текст на Едвард Олби. Претставата е копродукција на театарот „Улисис“ и „Београдско драмско позориште“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања