Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Фестивал со традиција и светска програма: Почнува „Охридско лето“, Клер Хуангчи и Аутвотер на големата сцена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
Web-banner-Ohridsko-Leto-2025_300x250px_otvaranje

Фестивалската магија повторно се враќа во Охрид – утревечер, на сцената на Античкиот театар, ќе биде отворено 65-то издание на културната манифестација „Охридско лето“. Годинава фестивалот носи симболичен наслов „Трансформација на сетилата“ и најавува 40 дена исполнети со врвни уметнички изведби од домашната и светската сцена.

Отворањето ќе го одбележи настапот на истакнатата американска пијанистка Клер Хуангчи, која ќе настапи заедно со Националната филхармонија, под водство на енергичниот диригент Едвин Аутвотер. Тие ќе ја воведат публиката во годинашната програма со концерт што веќе привлекува внимание со својата музичка тежина и уметничка извонредност.

— реклама —

Хуангчи, која уште како дете настапувала во Белата куќа, денес е меѓународно признаена пијанистка, добитничка на голем број престижни награди. Покрај солистичката кариера, таа е и уметнички директор на камерни концерти во Ербах и амбасадор на издавачката куќа „Хенле“. Од друга страна, Аутвотер е познат по своите современи интерпретации и необични музички спојувања – од класика до поп-културни икони како „Металика“, Јо-Јо Ма и Рене Флеминг.

— реклама —

Фестивалот се организира под покровителство на претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, а Министерството за култура и туризам годинава обезбеди рекордна поддршка од 31 милион денари. Директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, вели дека средствата се вложени во програма што ќе ја одрази уметничката вредност на манифестацијата и ќе ја оправда довербата на институциите и публиката.

— реклама —

Главен спонзор е А1 Македонија, а „Охридско лето“ добива поддршка и од Општина Охрид, дипломатски мисии и приватниот сектор. Од 1994 година, фестивалот е дел од Европската асоцијација на фестивали, што го позиционира на мапата на значајни културни настани во Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2gqs3nnicf8s0W1BlZN

Денис Расел Дејвис и Маки Намекава приредија незаборавен концерт во „Света Софија“

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryfo4basad0t541D4I5Cd

Шпанското трио „Вибрарт“ вечерва настапува на „Охридско лето“

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryrct6p1ehcfoo1MPY1J9

Вечер на македонската оперска уметност на „Охридско лето“ со Игор и Ана Дурловски

Охрид | пред 2 седмици

media-library0huk096dbp1c3T5OEeo

„Охридско лето“ добитник на престижна та меѓународна награда „Да за уметноста“

Магазин | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања