„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Фестивал за феминистичка култура и акција „Прво па женско“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
prvo-pa-zensko

ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе трае од 9 до 12 мај, а неговата четиридневната програма ќе опфати повеќе дискусии, изложби, перформанси, раскажувачки слем, театарска претстава, две работилници, концерти, диџеј сетови, едно предавање и проекција на филм, сите реализирани во просториите на МКЦ.

— реклама —

На пресот ќе се најават повеќе информации за Фестивалот, а веднаш по пресот почнува и првиот дел од дискурзивната програма на која ќе се дискутира за гинекологијата и акушерството, сервисите, достапноста и третманите со кои жените се соочуваат во доменот на репродуктивното здравје. На панелот ќе учествуват Министерот за здравство – Венко Филипче, претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство Д-р Ана Данева Маркова од Гинеколошко-акушерската клиника, здравствената медиаторка Љатифа Шиковска и Елизабета Божиноска која е програмска директорка на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување. Официјалното отворање на ПРВО ПА ЖЕНСКО е закажано за истиот ден, во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар, по што ќе се продолжи со останатата програма.

Фестивалот е поддржан од FRIDA - Young Feminist Fund, Министерство за култура на РМ, Град Скопје, Амбасада на Кралството Холандија во Скопје, Амбасада на Кралството Шведска во Скопје, The Kvinna till Kvinna Foundation и се реализира во соработка со ЈУ МКЦ - Скопје, МОТ+, Фестивал Место Женск - Словенија, Фестивал на европскиот филм Синедејс, Музеј на современа уметност - Скопје, Пасворд Продукција (ТАКСИРАТ фестивал), ИСКРА Букинг, МЕДУЗА, Театар на сенки Сенки и облаци, ЦИНИК - Центар за истражување на национализмот и културата и Пич Прич.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања