На денешното рочиште за случајот „Насилството во Центар“, адвокатот Димитар Дангов побара од судот да се одложи главната расправа за предметот, бидејќи специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е во притвор.
-Сакам на судот да му дадам еден предлог. Причините се следни: Општо познато е дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа во притвор како осомничена во „Рекет“. Постои страв дека може да го повтори кривичното дело. Според законот за СЈО, Јанева врши надлежности на застапување на обвиненија во повеќе предмети, во кој е и конкретниот. Ова значи дека специјалната јавна обвинителка можела во сите, па и во овој предмет, да го повтори кривичното дело, поради што се наоѓа во истражниот затвор „Скопје“, рече адвокатот Дангов.
Обвинителката Фетаи пак истакна дека најпрвин треба да се види решението за притвор, па потоа да се произнесат.
-Од страна на почитуваниот колега Дангов беа наведени основите за одредување на мерката притвор на специјалниот јавен обвинител, а особено дека постои опасност од повторување на кривичното дело. Да се прибави решението за притвор за обвинителката Катица Јанева, да се види што точно се штити, па потоа да се види дали има некаква пречка за наше постапување. За вакво барање се имаме обратено и до Советот на јавните обвинители и се уште очекуваме одговор, рече Фетаи.
ПОВЕЌЕ НА ФОКУС.МК