„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Фетаи и Бубевски „фрлени“ на страна, притворот за Мијалков ќе го брани Симовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
fetai

Вишата јавна обвинителка Соња Симовска ќе го заземе местото на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски утре пред Апелациониот суд каде ќе се разгледуваат жалбите на обвинетите во предметот „Титаник 2“. Со ова екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешни членови на ДИК, кои беа осудени во овој предмет пред првостепениот суд, утре нема да се соочат со Фетаи и Бубевски, туку со Симовска.

— реклама —

Ова следи откако предметите на СЈО ги презеде државното обвинителство. Во иднина за сите жалби на обвинетите или обвинителството, наместо екс специјалните обвинители, предметите пред Апелациониот суд ќе ги застапуваат обвинители од Вишото јавно обвинителство.

Апелациониот суд ќе одлучува по жалбите на обвинетите откако Кривичниот суд во март годинава ги осуди на затворски казни од 3 до 4 и пол години.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања