По скандалите кои го тресат СЈО поради аферата „Рекет“ и оставката на специјалата обвинитлка Катица Јанева, новинарите конечно стигнаа до изјава од специјалната обвинителка Фатиме Фетаи. Таа вели:
„Непријатно е постојано да бегам од вас, а вие да трчате по мене. Мислам дека во моментов не треба да не интересираат ситници и моментни настани, дајте да ја гледаме повисоката цел. Во моментов да изнајдеме начин да не дозволиме односно да спречиме тие што се огрешиле пред законот да не одговараат. Каква и да е крајната одлука која ќе биде донесена по судбината на нашите предмети, независно од одлуката дали ние ќе продолжиме да ги застапуваме тие предмети или други обвинители сепак таа одлука би била подробра од било кое друго решение кое го посакуваат одредени политичари во моментов, а тоа е преку вешто искористување на одредени правни пшразнини и злоупотреба на нивната политичка моќ да дојдат до решение кое ќе значи челосно или делумно одбегнување на кривичната одговорност. Не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или Костадинка, туку е битно тој што се огрешил пед законот да се соочи со последиците“, истакна Фетаи.