Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Фицо лут: Словачка ќе плаќа петпати поскапа нафта поради „Дружба“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека транспортот на нафта преку нафтоводот ЈАНАФ (Адрија) ќе биде повеќе од петпати поскап за Словачка отколку транспортот преку нафтоводот „Дружба“, преку кој нафта не протекла повеќе од две недели.

— реклама —

Фицо по седницата на владата во Братислава, на која присуствувале и претставници на рафинеријата „Словнафт“, наведе дека и куповната цена на нафтата ќе биде повисока поради зголемените трошоци за транспорт.

Владата на денешната седница прогласи вонредна состојба поврзана со снабдувањето со нафта и одлучи да ослободи 250.000 тони нафта од државните резерви за потребите на рафинеријата.

— реклама —

„Проблемот е што, прво, не го тестиравме целосниот капацитет на нафтоводот ЈАНАФ, а второ, ако моментално плаќаме транзитна такса од нешто повеќе од едно евро по тон нафта на 100 километри, во случајот со Хрватска тоа ќе биде повеќе од пет евра“, изјави словачкиот премиер.

Фицо нагласи дека доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски дефинитивно го запре протокот на нафта низ Украина, Словачка ќе плаќа повеќе и за самата нафта и за транзитните такси.

Тој додаде дека нафтата во нафтоводот „Дружба“ на украинска територија ѝ припаѓа на словачката рафинерија „Словнафт“ и изрази сомнеж дека руската нафта не протекува кон Словачка и Унгарија од политички причини.

„Нашите разузнавачки извештаи укажуваат дека оштетениот дел од нафтоводот што го спомена украинскиот претставник е поправен и дека руската нафта може непречено да тече кон Словачка и понатаму“, истакна Роберт Фицо.

Тој смета дека ситуацијата околу „Дружба“ е поврзана и со изборите во Унгарија и со притисокот врз премиерот Виктор Орбан поради ставот на унгарската влада за можното членство на Украина во Европската Унија.

Фицо додаде дека Зеленски ризикува да ја загуби поддршката на Словачка за европските перспективи на Украина и најави дека Братислава би можела да го преиспита снабдувањето со електрична енергија за Украина доколку процени дека Киев не ги цени тие испораки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Словачка бара Европска комисија да изврши инспекција на нафтоводот Дружба

Свет | пред 2 седмици

media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

По оштетувањето на нафтоводот „Дружба“: ЕК не гледа закана за снабдувањето со нафта

Свет | пред 3 седмици

SLIKA-UKRAINA

(Видео) Експлодира главниот нафтовод што ја снабдува Москва

Свет | пред 6 месеци

naftovod-napad

(Видео) Украинците повторно нападнаа клучен руски нафтовод, Унгарија бесна: „Немаме нафта“

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања