Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ФИФА му даде целосна поддршка на Инфантино и покрај скандалот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Спорт
media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се извини за пропустите поврзани со контроверзниот план за продажба на удел во натпреварувањата на приватни инвеститори, но доби целосна поддршка од раководството на светската фудбалска организација и останува на функцијата.

— реклама —

На состанокот, одржан во Рабат, раководството на ФИФА призна дека имало пропусти во начинот на кој бил воден процесот, како и во комуникацијата со националните фудбалски сојузи.

Инфантино и генералниот секретар Матијас Графстрем во заедничко писмо им се извиниле на сите членки на организацијата и ветиле дека вакви грешки нема да се повторат.

— реклама —

Контроверзијата започна откако беше обелоденет план за формирање нова компанија преку која приватни инвеститори би вложувале во натпреварувањата на ФИФА, вклучително и Светското првенство.

— реклама —

Поради тоа, УЕФА соопшти дека повеќе нема доверба во Инфантино, додека дел од националните федерации, како и поранешниот португалски репрезентативец Луиш Фиго, побараа негова оставка.

И покрај критиките, раководството на ФИФА едногласно застана зад Инфантино, кој во март 2027 година се очекува да се кандидира за четврти мандат на чело на светската фудбалска организација.

— реклама —

Иако за време на Светското првенство во САД имаше поддршка од сите 211 национални федерации, во меѓувреме дел од нив ја повлекоа довербата, меѓу кои е и Фудбалскиот сојуз на Србија. Останува да се види дали тоа ќе влијае врз неговиот евентуален реизбор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Инфантино обвинет дека вршел притисок врз учесник на Мундијалот

Спорт | пред 1 ден

media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

Му се тресе фотелјата на Инфантино? Се продлабочува конфликтот меѓу ФИФА и УЕФА

Спорт | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања