Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Филевски од Малта: Можеш да одложиш, не можеш да одбиеш вакцинирање, ако напуштиш карантин казната е од 3000 до 10.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
file

Познатиот спортски новинар Игор Филевски Филе, кој неколку години живее во Малта, за Студио 10 на ТВ 24 раскажа какво е неговото искуство со коронавирусот и со вакцинацијата во таа мала држава која има околу 470.000 граѓани население.

— реклама —

„Во Малта има 450, до 470.000 жители. Се комплетно е во локдаун, рестораните не работат, хотелите се затворени, освен продавниците за храна. Вчера првпат по 6 недели 90 новозаразени, а пред затворањето имаше по 500, 300, 400 нови. Нема многу починати, триста и нешто има откако постои короната. Ваков локдаун е ок кога има масовно вакцинирање, а во Малта досега се вакцинирани околу 150.000 луѓе. Можеш да одложиш, не можеш да одбиеш вакцинирање. Ваков локдаун е функционален и се смета дека летово Малта ќе е слободна зона. 3.000 евра е казна ако го напуштиме домот и тоа што сме без симптоми, но имаме налог за изолација. Доколку си заразен и го напуштиш домот, казната е 10.000 евра. Ако случајно се докаже дека си го напуштил домот заразен и си заразил друго лице, казната е и до 9 години затвор. Казните се многу ригорозни“ вели Игор Филевски - Филе од Малта за Студио 10 на ТВ24.

извор: ТВ 24

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања