„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: „8 Септември“ во Скопје и болницата во Битола, стануваат центри за за прифаќање болни од ковид-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
06032020_VRSM_Filipce_pres

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека болницата „8 Септември“ која до сега се користеше за заболени од корона вирус, но имаа потреба од други здравствени услуги, од денеска функционира како болница за прифаќање заразени од ковид-19. Во оваа болница како што кажа минситерот на распологање има 110 кревети.

— реклама —

Покрај „8 Септември“ министерот најави дека и болницата во Битола станува регионален центар за прифаќање заболени од ковид-19, како и  тоа дека мобилната болница може да се стави во функција.

Министерот на денешната прес конференција информираше дека во земјава заболени се и 52 здравствени работници, од кои 34 во болнички услови.

— реклама —

Инаку

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 235

Куманово -114

Дебар – 49

Штип-19

Прилеп –33

Тетово – 29

Струга – 24

Велес – 10

Битола – 6

Охрид – 3

Кавадарци –2

Гостивар – 4

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка- 2

Радовиш -3

Крушево – 2

Кочани – 14

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања