Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Ако сме трета економија во Европа зошто Владата не ги покачи платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarytpievhomc7jpdEjm8lu

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител изјави дека доколку економијата навистина бележи раст, како што тврди Владата, тоа треба да се одрази и преку зголемување на платите и пензиите, што, според него, не се случува.

— реклама —

Филипче посочи дека официјалните податоци за економски раст не кореспондираат со реалната состојба на терен, при што граѓаните, како што изјави, се соочуваат со ценовни шокови и ниски приходи.

— реклама —

„Ако е така добро на хартија, како што кажа премиерот, зошто не ги зголеми платите? Ако имаме раст, ако сме трета економија во Европа, зошто не се зголемат платите и пензиите?“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека, наместо значително покачување, пензионерите добиле униформно зголемување, што според него не ги задоволува нивните потреби, при што оцени дека ваквиот пристап не е праведен.

— реклама —

Во интервјуто, Филипче истакна дека граѓаните секојдневно се соочуваат со раст на цените на основните производи и дека, според него, не биле преземени соодветни мерки за ублажување на економскиот притисок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 6 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања