Филипче: Анализата на епидемиолошките анкети ќе укаже дали и кои мерки би ги препорачале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce-2

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека на консултативната средба со Комисијата за заразни болести е договорено да се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците за да се утврди точно начинот на трансмисија на вирусот во повеќе општини, односно градови во државата.

— реклама —

„Врз основа на тоа ќе заземеме став дали се потребни некакви мерки кои што би ги препорачале понатаму до Владата. Уште еднаш апелирам до сите граѓани да се почитуваат мерки. Очигледно дека сме пред почеток на една новонастаната есенска ситуација, којашто ја очекувавме. Ќе има дополнителни мерки доколку има зголемен број на заразени. Но, точната анализа на епидемиолошките прашалници ќе ни укаже на тоа која од мерките треба да ја препорачаме и во кој временски период.“ - изјави министерот Филипче.

На прашањето дали се размислува уште неделава да се воведе една од мерките коишто беа најавени, а се однесува на намалување на времето на работа на угостителските објекти или ограничување на бројот на маси,  министерот Филипче изјави дека тоа ќе зависи од податоците коишто ќе произлезат од епидемиолошките прашалници.

— реклама —

„Има уште неколку мерки коишто ги најавивме, но сакаме да се точно димензионирани и да ги препорачаме според оние податоци коишто ќе ги добиеме. Денеска и утре, во текот на викендов ќе работиме, па ќе излеземе со соодветни препораки“, рече министерот Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања