Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Филипче: Биљановска, уште денеска ќе биде разрешена од функцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
caca-960x720

Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија, Нина Цаца Биљановска, уште денеска ќе биде разрешена од функцијата, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, На денешната прес конференција.

— реклама —

Филипче образложи дека разговарал со претседателката на Антикорупциската комисија, која му кажала дека во конкретната ситуација, изборите не се проблем за Биљановска да биде разрешена.

— реклама —

„Разговарав со претседателката на ДКСК, која ми укажа дека кога има итност, постои ваква можност, така што, ние тоа ќе го направиме веќе денеска и ќе се назначи в.д. директор, бидејќи и покрај тоа што нема работен процес на Клиниката за дерматологија, сепак има административни работи“, истакна министерот Филипче.

— реклама —

Инаку Лекарската комора денеска посочи дека не може да и ја одземе лиценцата за работа на Биљановска, бидејќи според нив, во Законот за здравствена заштита не е наведено како треба да постапат доколку медицинско лице свесно го загрозува здравјето на останатите граѓани.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања