Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Филипче: Болницата во Кочани ќе стане регионален центар за ампутации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC07969-2

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера ја посети општата болница со проширена дејност во Кочани. На средбата со стручниот колегиум од болницата, потенцираше дека оваа болница нема да се затвора и истите услуги кои досега беа давани ќе продолжат да се даваат на пациентите од Кочани и околните места.

„Критикувани бевме дека ќе ја затвориме Општата болница Кочани, но не станува збор за затворање, туку за модел на нивно унапредување, каде за истите пари од Фондот ќе добиеме подобри услови за работа на здравствените работници и подобри услови за пациентите“, истакна министерот Филипче.

— реклама —

Концептот за регионализација ќе донесе голем бенефит за жителите, а болницата во Кочани ќе стане регионален центар за ампутации, каде ќе се вршат ампутации на пациенти од целата држава.

Министерот Филипче посочи дека концептот на јавно приватно партнерство ќе биде разгледан со вработените и по завршување на физибилити студиите, ќе се отвори широка јавна дебата. Дејностите ќе останат, а приватниот партнер би инвестирал во инфраструктурата.

— реклама —

Според специјалностите во секоја установа, ќе се направи листа на дејности и регионализација. Со регионализација ќе се зајакнат капацитетите на точно утврдените дејности во секоја установа.

На состанокот, министерот Филипче истакна дека нема да биде наметнато решение, нема да се затвараат болници, туку ќе се направи реорганизација, се со цел унапредување на здравствената заштита за нашите пациенти.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања