Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција уште еднаш апелираше на сериозна одговорност и мобилизираност од страна на граѓаните. Тој напомена дека состојбата е крајно сериозна, и побара од граѓаните максимално почитување на мерките.
Филипче напомена дека поради ситуацијата активиран планот за обезбедување на дополнителни капацитети,.
-Целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид-19, откако Инфективната и модуларната болница целосно се исполнија. Нема да се поремети нормалнот функционирање на сите овие клиники, системот Мој термин продолжува да функционира“, истакна министерот Филипче.
Во моментов, Центарот за белодробни болести се уште има слободни капацитети.
Министерот Филипче соопшти дека во моментов 890 заразени од Ковид-19 се во болничките кревети.
„Во последните неколку недели имаме буквално експлозија на вирусот, како кај нас така и во регионот и цела Европа. Секаде е загрижувачка ситуацијата, се исполнуваат капацитетите, а кадарот е се поизморен. Состојбата кај нас не се разликува од овие регионални и светски трендови“, рече Филипче.
За еден месец бројката на новозаразени е зголемена двојно.
Околу 7 проценти од новозаразените имаат потреба од хоспитализација.
Филипче најави дека од утре ќе бидат на располагање дополнителни 150 болнички кревети.
Филипче најави дека ќе биде зголемен капацитетот на тестирање од идната недела за плус 500 на територијата на Скопје.