Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Филипче: Британскиот сој е со полесна форма на болеста, но побрзо се шири, да останеме претпазливи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
filipce

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вестите за Канал 5 телевизија, во врска со детектираниот британски сој на вирусот во нашата земја, истакна дека ова беше очекувано и практично беше невозможно да не се случи, со оглед на тоа што во повеќе земји во Европа и во регионот овој сој на вирусот веќе е присутен.

— реклама —

„Ова е карактеристика на овој тип на РНК вируси многу брзо да се адаптираат. Впрочем тоа што и досега имаме 20 веќе изолирани соја со различна фрекфенција ни укажува на тоа кога има некаква пречка во трансмисијата, а пречка се нашите превентивни мерки - тогаш вирусот се адаптира. И тоа се случува насекаде во светот. Разговарав со претставници на лабораторијата, типично како што се опишани во литература сите промени во т.н британски вирус, така е идентификуван во конкретниот случај. Пред 10-тина дена е направена дијагнозата, а сега е направено секвенционирање на геномот кој укажал дека ја има таа мутација“, - изјави Филипче и нагласи дека оваа мутација на вирусот не можела да се избегне и веројатно ќе се случи во сите земји во светот.

Филипче посочи дека, според публикациите во Велика Британија, оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70% проценти, но истакна дека нема простор за паника.

— реклама —

„Нема простор за паника, остануваме внимателни. Ние и сега имаме превентивни мерки кои очигледно дадоа резултат. Точно е дека оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70% проценти, според публикациите во Велика Британија. Исто така, тоа што е познато од литературата е дека типот, формата на болеста е полесна од она што беше претходно. Но, превентивните мерки мора да се почитуваат. Очигледно е дека носењето на маски, држењето на дистанца навистина станува клучно, посебно со оваа форма на мутација на вирусот. Ние будно ја следиме епидемиолошката ситуација. Засега нема да препорачаме друг тип или дополнителни превентивни мерки, но следиме каква ќе биде состојбата“,- изјави Филипче и потенцираше дека доколку ескалира ситуацијата здравствениот систем е спремен и поставен, а во било кој момент испразнетите одделенија може повторно да станат ковид центри.

„Чим е детектиран на едно место мутацијата веројатно дека ја има и на други места. Мутацијата не мора да е секогаш увезена од некои од земјите. Многу често мутација се случува и во секоја една од земјите, самиот вирус има тенденција да мутира заради тоа што го бара патот за трансмисија, а се соочува со можеби во некоја мини средина и со некаква форма на имунитет. Во таа смисла, не е чудо мутацијата да е од едно одредено подрачје. Не мора да имал човекот контакт или да патувал за да се случи мутација на вирусот. Впрочем, веќе констатираните мутации кај нас 20тина соја кои се детектирани воопшто не се увозни, туку се практично мутации кои потекнуваат од тука и се наши автентични“, појасни Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања