„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: Бројот на хоспитализирани лица е голем, но состојбата е стабилна и слободни места има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce-1

Во ковид центрите во земјава минатата недела се лекувале помеѓу 1300 и 1400 пациенти, болниците и понатаму се под голем притисок, но слободни кревети постојано има - изјави министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

— реклама —

„Добро се менаџира делот на хоспитализација на пациенти. Имаме некаде околу 150 и 200 слободни кревети на територија на целата држава секој ден последователно во изминатите повеќе од една недела. Вчерашната анализа на Р0 факторот на преносливост упатува на некои позитивни трендови за првпат после подолго време тоа е под 1, односно изнесува 0,95“, истакна министерот Филипче.

Сепак овие бројки смета тој се нешто што не треба да не опушти, заради тоа што имаме голем број на заболени и се уште има сериозно голема бројка на дијагностицирани пациенти секој ден.

— реклама —

„Не смееме да си дозволиме поинаков пристап што може да доведе до влошување на ситуацијата. Ја следиме и состојбата во регионот и иако има некои трендови на забавување, во регионот се уште има голем број на новодијагностицирани и починати лица“ - изјави министерот Филипче.

Информациите од соседството покажуваат дека во Хрватска во изминатото деноноќие имало 65 починати, 44 во Словенија, а 60 во Грција.

Во однос нс модуларните болници, министерот истакна дека се во фаза на поставување.

„Во Гевгелија е завршена инсталацијата, сега следуваат модуларните болници во Штип, Кичево, Струга, Битола. Спремна е подлогата и во Струмица. Тоа е нешто што се очекува во следниот период со оваа динамика да продолжи. За жал има одредено доцнење поради блокадата на опозицијата во техничката влада“ - објасни министерот Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања