„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: Бугарија од своите вакцини дел ќе донира и за Република Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce

Република Бугарија од секоја практка на вакцини против Ковид 19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше и министерот за здравство д-р Венко Филипче. Со оваа одлука во нашата земја вакцини против Ковид 19 ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на Европската Унија. Министерот во Софија е на покана на премиерот Бојко Борисов и министерот за здравство проф. Костадин Ангелов. По завршувањето на владината седница, во вестите на телевизија Сител, Филипче ја објасни одлуката на Бугарската валда.

— реклама —

На денешната седница од страна на Владата на Република Бугарија се донесе одлука од секоја колична вакцини протви Ковид 19, која стугнува во Република Бугарија , една одредена количина да биде наменета за нашите граѓани и тоа да биде во форма на донација. Со ова ние практично стигнуваме до вакцините со истата временска динамика со која стугнуваат и земјите членки на Европската Унија . Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70 % од населението - изјави министерот Филипче.

Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека.

— реклама —

- „Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините како и земјите од ЕУ“ - изјави Филипче.

Освен преку донација од Република Бугарија, нашата земка обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот. Европската Унијата за земјите членки обезбеди 400 милиони вакцини и 100 милиони дополнително за земјите кои не се во Унијата, а вакцините може да ги добиваат со посредување на земји членки. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија Полска и Грција. Република Северна Македонија преговори и со произведувачите за директна набавка на вакцини и од нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања