Промени тема
Контакт

Филипче: Цените се зголемија, стандардот на граѓаните се влошува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, предупреди дека економската состојба во земјата сериозно се влошува, а товарот од кризата директно го чувствуваат граѓаните - цените на храната континуирано растат, животниот стандард влошува.


„Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден. Цените на основните производи се зголемени, лебот, брашното, шеќер, сол, месо, млечни производи, овошје, зеленчук, сѐ е поскапено, од пет до триста проценти за некои продукти“, рече Филипче.

— реклама —


Тој додаде дека додека Европа се подготвува за уште посилен удар од кризата, премиерот Мицкоски живее во паралелен свет.


„И додека цела Европа, во мај, значи допрва, очекува уште посилен удар од оваа криза и носат мерки за да се справат со тоа што не очекува, а тоа е и понатаму забавување на растот и раст на инфлацијата и ризик од рецесија, Мицкоски живее во својот паралелен свет на бајки. Едноставно, нема капацитет да води држава, заинтересиран е само за себе и своите блиски луѓе, а сè останато го плаќаат граѓаните“, рече Филипче.

— реклама —


Притоа, Филипче посочи дека граѓаните скапо ги плаќаат промашените политики на власта - живеат во услови на економска нестабилност и ниски приходи.

— реклама —


„Зборуваме за економија што тоне. За тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои што веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати во Европа, за најнизок стандард во Европа и за млади коишто заминуваат од земјава.Граѓаните скапо ги плаќаат грешките на премиерот и оваа влада. За разлика од нас, сите други земји, како во регионот, така и во Европската Унија, преземаа соодветни мерки. Воведоа мерки да ги заштитат граѓаните и да ја успорат инфлацијата и растот на
цените на енергијата“, рече Филипче.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 12 часа

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 16 часа

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања