Новиот предлог на министерот за здравство, Венко Филипче, за стимулирање на вакцинацијата, според кој матичниот лекар ќе биде награден со 30 денари по пациент доколку надмине 70% на вакцинација на вкупниот број, наиде на незадоволство кај Здружението на матични лекари.
Тие сметаат дека овој предлог е непристоен, и се незадоволни бидејки воопшто не биле консултирани за оваа препорака.
„Му предлагам на Филипче да ги смени советниците бидејќи навистина многу лошо го советуваат“, вели во изјава за ТВ21 претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова Дервишова.