Филипче: Да не дозволиме да се преполнат болниците- системот не може без граѓаните, сите сме важни во овој процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција изјави дека иако во моментов вкупниот капацитет на болниците е во сосема добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува секако притисокот врз нашиот здравствениот систем.

— реклама —

„Свесни дека повеќе од сигурно ќе се соочиме со есенски бран, ние уште од почетокот на летото, го подготвуваме здравствениот систем. Ги зголемуваме капацитетите на болниците, функционира системот на ротација на лекари и медицински сестри но, системот не може без граѓаните и нивната поддршка. Сите се важни во овој процес. Да ги почитуваме мерките, да не дозволиме да се преполнат болниците. Непочитувањето на мерките ќе значи оптеретени и изморени здравствени работници кои, заради големиот број на пациенти, нема да можат да дадат соодветната нега и грижа. Да ги почитуваме мерките бидејќи тоа истовремено значи почит и за здравствените работници. Секој од нас мора да ја разбере сериозноста на она што ни претстои.  Мора да разбере дека непочитувањето на мерките ќе не одведе кон нови рестрикции кои секако никој од нас не ги посакува. Може да не одведе кон критична состојба во болниците, кон нова неизвесност на секое поле“, потенцираше министерот Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања