Филипче: Децата не може да не одат на училиште, но мора да имаме прецизни принципи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
skolo

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на Канал 5 најави дека од септември учениците ќе се вратат во училишните клупи. Тој додаде дека протоколите се во фаза на усвојување.

— реклама —

-Пред нас имаме два предизвици: отворањето на градниките и училиштата и завршување на убавото време и појавата на сезонски грип. Интензивно разговараме со двете министерствата за протоколите. Секако дека не е исто да се спроведуваат мерки кај малите деца и кај поголемите. Се изготвија предлог протоколи кои во следните денови Комисијата за заразни болести ќе ги оцени. Потоа и на владина седница ќе се усвои по кои принципи ќе се работи. Децата не може да не одат на училиште, но мора да имаме прецизни принципи. Според нашите препораки треба да има помали групи и повеќе смени и пократко траење на часовите. Што пократко време во затворен простор, носење маски, доколку може и наставниците да бидат ограничени со што помал број на групи на деца кои тие ги учат. Честа дезинфекција на раце. Мислам дека имаме солидни препораки. Вирусот е тука и нема да исчезне, не можеме да седиме затворени, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања