Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги демантираше тврдењата на италијанскиот весник „Ла верита“ за набавката на кинеските вакцини. Според него, имало обид набавката на вакцините да се изврши преку приватни фирми, но, се покажало дека тоа не е правилниот пат, по што крајната одлука била да се набават преку кинеската амбасада и кинеското МНР.
Министерот Филипче гостуваше во Канал 5 и изјави:
„Апсолутно демантирам дека тоа е скандал или било што друго. Мислам дека е сериозен доказ дека се обидуваме апсолутно по сите канали да стигнеме до вакцините. Во однос на конкретниот случај после добиените дозволи од кинеското Министерство за здравство укажаа од кинеското Министерство за надворешни работи дека треба да се следи друг канал за набавка и тоа го послушавме и го направивме и затоа сега на некој начин се одолговлече тој процес, затоа се врати уплатата“ истакна Филипче.
фото: Архива