Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Филипче: Денеска стигнаа и преостанатите 8 респираторни машини, добивме вкупно 20 од ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
a4

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, во улога на Национален координатор за странска помош во земјава, заедно со Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, а во присуство и на евроамбасадорот Самуел Жбогар, на платото пред просториите на Секретаријатот за европски прашања, ја претставија пристигнатата помош од Европската Унија како поддршка за земјава при справувањето со КОВИД 19.

— реклама —

Министерот Филипче се заблагодари на Европската унија за оваа значајна помош.

— реклама —
„Тие беа едни од првите кои што ја понудија помошта и навистина пристигна. Тоа е уште еден доказ дека Европската унија е нашиот најголем партнер, и дека почетокот на пристапните преговори практично значи дека веќе на некој начин не сметаат за дел од големото семејство кое што меѓу другото значи и помош тогаш кога е најмногу потребна. Овие 20 респираторни машини (сега 8, претходно 12), кои се веќе дистрибуирани во повеќе јавни здравствени установи и веќе се користат за третман на пациентите, а таму каде нема пациенти болни од ковид, се користат и за друга индикација. Тоа е сериозен чекор напред кон зајакнување на нашиот здравствен систем, посебно таму каде што е најмногу потребна, а тоа се одделенијата за интензивна нега“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека продолжуваме со соработката и понатаму.

— реклама —
„Во следниот проект којшто го отвори и понуди за нас Европската унија, ќе ги опремиме и ќе ги зајакнеме сите одделенија за интензивна нега ширум државата, тука на клиниките, двете болници во Скопје, клиничките болници и општите болници ширум државата. Уште еднаш благодарам на Европската унија, благодарам на сите амбасади од земјите-членки на ЕУ, заради тоа што своја помош понудија и дадоа и Бугарија, Чешка, Франција, Германија, и на сите други институции и компании кои овој изминат период ја понудија помошта на Министерството за здравство“, рече Филипче.

Освен респираторите, во рамките на помошта од ЕУ се обезбедени и по 10 перфузори и редуктори за кислород, но и огромна количина на заштитна опрема: преку 750 илјади хируршки ракавици, десетици илјади заштитни скафандери, заштитни наметки, заштитни очила, заштитни маски, каљачи итн. - опрема која веќе се користи од страна на  здравствените работници на Инфективната клиника и останатите здравствени установи.

— реклама —

Опремата во вредност од четири милини евра која се става на располагање на нашата земја претставува само итна поддршка за здравствениот систем на земјава од страна на Европската Комисија, а самите земји - членки на ЕУ, во рамките на цивилниот механизам за заштита, како и во рамките на директната билатерална соработка, секојдневно испраќаат помош и поддршка што претставува доказ за заедничка борба против КОВИД19.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања