Промени тема
Контакт

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarym30uck44ltef2wBmkQ0

Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „ Се бориме за нашиот дом“, во Јегуновце,  му порача на премиерот Христијан Мицкоски, дека никој не го мрази, туку сите го презираат. Филипче укажа дека Мицкоски зборува за омраза а самиот тој е извор на омраза, на деструктивна реторика која го дели народот и ја дестабилизира државата.

Мицкоски вчера вели СДСМ имал патолошка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски зборува за омраза – а сам е извор на омраза. Цела година навредува, понижува, го дели народот и сите кои ги критикуваат неговите очајни политики ги нарекува глодари и лешинари. Цела година го храни стравот, се заканува, плука по секого – па после глуми жртва кога народот ќе му ја врати вистината. Цела година зборува за дестабилизации, хибридни напади – додека единствениот кој дестабилизира е тој, со неговиот говор полн со омраза, изјави Филипче.

— реклама —


На трибината Филипче јавно му порача на Мицкоски дека луѓето го презираат заради сите лаги и манипулации.

Никој тебе не те мрази Мицкоски – туку те презира. Те презира за сите лаги и безочни манипулации кои ги сервираш секогаш кога ќе бидеш соочен со неуспех или вистина која те боли. Те презираат оние кои со лаги ги измами за да дојдеш на власт, а потоа не исполни ништо. Те презираат сите кои веруваа дека си човек од народот, а испадна дека си најарогантниот премиер кој го имала Македонија.

— реклама —


Во обраќањето Филипче додаде дека залудни се обидите на Мицкоски за замолчување и страв.

— реклама —

Никого нема да замолчиш. Никого нема да исплашиш со заканите и пропагандата – затоа што одамна си прочитан.СДСМ нема да молчи пред политичар што ја валка Македонија со омраза, што шири поделби, што мисли дека патриотизмот е да ги хушкаш луѓето еден против друг. Од таквиот патриотизам се сведовме на земја без иднина, без развој, во која сè што правиш ти и твоите е стратегија како да се одржите на власт, рече Филипче, додавајќи дека граѓаните не сакаат жалопојки, туку решенија, правда и достоинствен живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

„Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

СДСМ: Седум недели нема документ ниту за водата во Гостивар ниту за 50 места ширум државата

Македонија | пред 1 ден

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски договорил дата центи – само кога граѓаните би знаеле со кого?

Македонија | пред 2 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Стоилковиќ го велича Младиќ, Мицкоски да одговори дали тоа е став на Владата

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања