Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarylkahrd2blppkb3GnKLp

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во обраќање до младите порача дека токму тие се носители на промените и ги повика да останат во земјата и да се борат за подобра иднина.

„Вие сте оние кои секој ден размислувате дали да останете во својата земја или да заминете. Не сме тука за да чекаме подобри времиња, туку за да ги создадеме“, истакна Филипче.

— реклама —

Тој оцени дека државата не смее да биде управувана од, како што рече, „организирана криминална група“, додавајќи дека целта е институциите повторно да им служат на граѓаните.

— реклама —

Филипче нагласи дека СДСМ отсекогаш носел државнички одлуки и дека денес, покрај партијата, носители на промените се и експерти, граѓански иницијативи и невладини организации обединети во, како што рече, „Фронтот за вистина и правда“.

— реклама —

„Фронтот не е само политички проект. Тоа е борба на сите кои сакаат Македонија да биде слободна, праведна и дел од Европа“, рече Филипче.

— реклама —

Во обраќањето тој порача дека на државата не ѝ е потребен култ на лидер, туку функционален систем, демократска и правна држава и европска иднина.

„Вие не сте само иднината, вие сте сегашноста. Останете. Борете се. Верувајте. Македонија може подобро и ќе биде подобра. Јас сум со вас. До победа“, порача Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања