Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче до ВМРО-ДПМНЕ: Ако сме партија пред изумирање, зошто секој ден се занимавате со нас?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library3nfreliokehdeqP7utz

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на обвинувањата што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, порача дека владејачката партија премногу внимание посветува на опозицијата наместо на работата на Владата.

— реклама —

„Не знам зошто се занимаваат со нас? Нека ја гледаат Владата, како ја водат државата. Од една страна кажуваат дека сме партија пред изумирање, ќе нѐ победеле на избори. А од друга страна секој ден се занимаваат со нас“, рече Филипче.

— реклама —

Тој оцени дека ваквиот однос покажува оти власта е свесна дека СДСМ се консолидира и го зајакнува својот политички капацитет.

„Значи знаат дека партијата е консолидирана, дека нашиот капацитет расте, дека имаме добри кадри од кои сум многу задоволен. Секојдневно се работи, се приклучуваат и други луѓе – интелектуалци и млади“, додаде лидерот на СДСМ.

— реклама —

Според Филипче, граѓаните сѐ повеќе препознаваат дека неговата партија нуди перспектива за развој на државата.

— реклама —

„Луѓето сфаќаат дека само ние сме опцијата за напредок на државата“, изјави тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 25 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања