„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: Донација од 13500 тестови од Норвешка, 10000 од нив за министерството за здравство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-test

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на примопредавањето на донација од 10.000 брзи тестови. Оваа помош произлегува од потпишаниот Протокол за донација меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и норвешкото одбранбено аташе, ппк. Егил Далтвејт.

— реклама —

Од прогласувањето на кризната состојба, Министерството за одбрана се вклучи во помош за справување со ковид кризата, рече министерот Филипе. Веќе од понеделник, Воено медицинскиот центар со тим од 12 лекари и 20 медицински сестри ќе се вклучат во работа на ковид одделенија во Скопје.

-Тоа е голема помош и поддршка имајќи предвид дека сега сите специјалисти од областа на интерната медицина, сите инфектолози од почеток на кризата се посветени на третман на пациентите со Ковид 19. Оваа донација од брзите тестови е многу значајна, бидејќи го олеснија пристапот на пациентите кон тестирање, но го олеснија и процесот на движење на пациентите во болничките установи. Со брз тест за 15 минути се знае дали е пациентот позитивен или не и по која „патека“ ќе треба да се лекува во болничките установи.

— реклама —

Филипче упати благодарност до Кралството Норвешка и нивното Министерство за одбрана за оваа многу значајна помош и поддршка за нашата земја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања