Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Филипче: Досега се подобрени условите во 32 јавно-здравствени установи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија е целосно реновирана. Комплетно е обновен хируршкиот инструментариум, апаратурата за електро хирургија, неуростимулација и друга специфична апаратура. Третманот на пациентите и квалитетот на услугата е подигнат на високо ниво согласно највисоката медицинска пракса. Со ова, исполнети се сите услови за спречување на интрахоспитални инфекции согласно стандардите на Светската здравствена организација.

„Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи. Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија е една од тие институции, каде менаџерскиот тим веднаш почна со реновирање и овозможување подобар третман за пациентите. За многу краток период направивме вистински пресврт во јавното здравство. Како никогаш досега инвестиравме во инфраструктура, нова медицинска опрема и вложување во човечкиот капитал. Вакво зголемување на платите како сега немало никогаш во земјава.  Горд сум што здравствените работници се мотивирани за работа. Само преку зголемување на платите и подобрување на условите за работа можеме да ги задржиме во нашата земја“, изјави министерот Филипче.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања