Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче е најгласниот адвокат на бугарските барања во Македонија, ги става интересите на Софија пред македонските интереси, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library9k9ea40vng7p1v56Lpp

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е „најгласниот адвокат на бугарските барања во Македонија“ и дека наместо решенија за државата нуди нови отстапки кои, според партијата, отвораат простор за дополнителни условувања.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче и СДСМ ги ставаат туѓите интереси пред македонските и дека се фокусирани на внесување на Бугарите во Уставот.

— реклама —

„Венко Филипче е опседнат со внесување на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДС нема црвени линии кога се во прашање националните интереси и достоинството на државата“, соопштија од партијата.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, додека Владата работи на привлекување инвестиции, отворање нови можности и подобрување на животниот стандард, СДСМ нуди политики на „капитулација, сервилност и исполнување на туѓи агенди“.

Од партијата оценуваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува завршување на барањата од Софија, туку почеток на нова серија условувања кон Македонија.

— реклама —

„На граѓаните одамна им е јасно дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е крај на барањата, туку почеток на нова серија уцени“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во реакцијата се додава дека Македонија има потреба од политичари кои ќе ги штитат државните интереси, идентитетот и јазикот без отстапки и политички калкулации.

Од владејачката партија тврдат дека граѓаните даваат силна поддршка за нивните политики и за, како што велат, достоинствениот пристап кон евроинтеграциите на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања