Промени тема
Контакт

Филипче е најлошиот министер за здравство во историјата на Македонија со низа скандали и афери како Онкологија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VenkoFilipceSDSM

„СДС треба да се срами бидејќи здравството беше во кома кога нивниот претседател Венко Филипче беше министер за здравство“, вели ВМРО-ДПМНЕ во ееакција на прес-конференција на СДСМ и додава:

„Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.

СДС треба да знае дека нивниот претседател Венко Филипче додека беше владин функционер и министер за здравство остави девастирана област.

— реклама —

Последиците од СДС и ДУИ во здравството се огромни, катастрофални и штетни.

Деструктивните политики на СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството како историскиот скандал на Онкологија.

— реклама —

Во време кога Филипче беше министер за здравство, неговото катастрофално менаџирање во здравството ги остави болниците без медицинска опрема, клиниките и болниците во долгови и дефицит на медицински кадар.

Mандатот на Филипче беше преполн со големи афери, сомнителни тендери, корупција, и скандали со пациенти.

Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.

— реклама —

Филипче имаше низа на афери и скандали во здравството особено во време на пандемијата како скандалот со набавката на кинеските вакцини.

Филипче како министер за здравство за време на корона пандемијата ја стави Македонија на 5-то место на светската листа со најголем број на жртви.

— реклама —

На Филипче кој е прв човек на СДС кога беше министер му се случија модуларна болница во Тетово, Дурмо турс, корона пандемија, Онкологија, скандалот со набавката на кинеските вакцини и ова се случаи кои Филипче дозволи да резултираат со 14 мртви во Тетово, а во несреќата Дурмо Турс 15 мртви.

СДС со Филипче е само продолжена рака на Заев кои освен тендери и ставање пари во џеб ништо друго не ги интересираше.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на граѓаните#.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа

Македонија | пред 1 час

— реклама —
karanfilova-panovska-1

Каранфилова Пановска: Македонија е блокирана од лажниот профитерски патриотизам на Мицкоски

Македонија | пред 14 часа

media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: „Што направивте освен криминални тендери?“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања