Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Филипче: ЕУ ќе излезе како победник и ќе им помогне на земјите да дојдат до вакцини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vakcina-2

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во Клан телевизија истакна дека Европската Унија ќе излезе како победник и покрај сите предизвици со кои се соочува, ќе им помогне во процесот на имунизација на земјите кои не се членки на Унијата. Филипче потенцираше дека целта е да се постигне колективен имунитет, а тоа значи во сите држави да се спроведе процесот на имунизација, со што би се сменила сликата за пандемијата.

— реклама —

-Уверен сум дека и во оваа криза ЕУ ќе излезе победник и дека ќе може сепак да им помогне на земјите кои не се членки на Унијата, свесни дека е тоа исклучително битно, во смисла, дека не смее да остане едно подрачје невакцинирано, бидејќи целокупниот концепт на имунизацијата нема да може соодветно да се спроведе. Идејата на имунизацијата е да се постигне колективен имунитет, а тоа значи во сите држави да се спроведува процесот на имунизација за дефинитивно да се смени сликата за пандемијата - рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања